Масовниот убиец Брентон Тарант е изведен пред суд

Австралиецот Брентон Тарант(28), кој во петокот изврши терористички напад врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч и уби 49, а рани 40 муслимански верници, е изведен пред суд.

Тој во бела затворска облека и лисици на рацете стоеше пред судијата, но одби да се изјасни за масовните убиства што ги изврши и ги пренесуваше во живо на социјалните мрежи.

Судот закажа повторно рочиште на 5 април, кога најверојатно ќе биде прочитано и обвинението.

Премиерката на Нов Зеланд рече дека масовните егзекуции биле планирани и нема дилема дека се работи за организиран терористички напад.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, упати сочувство до семејствата на жртвите и на Владата на Нов Зеланд и ја повика светската јавност да се обедини против тероризмот , без разлика од каде доаѓа и кој го извршува.