Масовниот убиец Брејвик во судница со нацистички поздрав

 

Масовниот убиец Андерс Брејвик кој е осуден на 21 година затвор за убиство на 77 млади лица во еден младински камп близу Осло, при денешното појавување во судница отпоздрави со нацистички поздрав на што реагираше судијата. Тој го прекори тоа да не му се повтори и не му дозволи да одговори на ова.

Во Норвешка започна жалбената постапка за пресудата, а и државата се жалеше, но и тоа го најавува и Брејвик дека ќе се жали затоа што му се прекршени човековите права. Тој смета дека се држи во изолација и нема право на приватен живот.