Матурантка почина на час

18 годишната А.А. од Скопје вчера починала на часот по историја во Градежниот училишен центар ,,Здравко Цветковски“.

Вчера во 18.30 часот од Ургентен центар  било пријавено дека во ГУЦ „Здравко Цветковски“, на час по Историја, на ученичката А.А. (18) од Скопје во еден момент и се слошило, по што паднала од столчето.

По неуспешниот обид на професорите да ја освестат била повикана Итна медицинска помош, кои се обиделе да ја реанимираат, но не успеале.

Ученичката  била пренесена во Ургентен центар каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Во истото училиште во 2011 година се случи крвав инцидент во кој загина Мухамед Али Јашари 19 годишен ученик, од Кондово, кој загина бранејќи свој другар во тепачка.