Мафијашка пресметка на црногорски кланови во Атина

Изминатата вечер во ресторан во Атина се убиени двајцата водачи на така наречениот Шкаљарски клан од Котор.

Се претпоставува дека се ликвидирани од припадници на Кавачки клан, iисто така од Котор, бидејќи убиените Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ се бараат со потерница за обид за убиство на Војин Ступар и Милош Радоњиќ.

Двајцата убиени се со богато криминално досие.

На товар им се ставаат бројни ликвидации, вооружени пресметки, изнуди и рекетирање.

На товар на Дедовиќ му се става шверц на коакин вреден 300 милиони евра.

Тој важеше за најбогат човек во Црна Гора, а во сопственост имаше десетици луксузни станови на црногорското крајбрежје, автомобили и друго нелегално стекнато богатство.

Бил страв и трепет во Црна Гора.

Убиени се во атинскиот ресторан ,,Воскопула“ пред нивните сопруги и деца и бројни гости.

Ресторанот во атина во кој се убиени двајцата мафијаши

Грчките медиуми велат дека 4 маскирани лица влегле со калашњикови и 30 секунди рафално пукале во метите, по што избегале.

Ранета е една жена која е итно пренесена во болница.

Во последните 5 години во меѓусебна пресметка меѓу двата клана се убиени најмалку 30 нивни членови.

Извор:агенции