Машката одбојкарска репрезентација по втор пат поразена од Романија

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија и во вториот пријателски меч со Романија загуби во Крајова сега со 2:3  по сетови (25:23, 25:20, 18:25, 10:25, 12:15).

За разлика од вчера, денеска избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ имаа и водство од 2-0 во сетови,ни сепак на крајот домаќините направија пресврт и триумфираа со 2-3.

Драстичен пад во нашата игра се почувствува во четвртиот сет, во кој одбојкарите освоија само десет поени, за потоа одново да се кренат во „тај-брејкот“, но немаа сили во последниот сет.

Репрезентацијата утре се враќа во Скопје, каде ќе продолжи со подготовките, а она што следи е пријателски дуели со Шведска, два официјални и еден тренинг.