Мајката истепана, едногодишната ќерка претепана

На 07.07.2018 година во 12.45 часот. телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје од Ургентен центар Скопје е пријавено дека кај нив за преглед се пријавиле К. М. (20) од Скопје, која имала видливи повреди по телото,  и нејзината едногодишна ќерка, кај која се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, соопшти МВР.