Мајките од Сарај бараат поголема безбедност и полициско присуство и за викендите

„Денеска апелираме до надлежната комисија во рамките на МВР и до самото Министерство да се зачува редот и мирот во општеството и да се преземаат превентивни мерки и во текот на викендите да има почести полициски патроли, особено во спортско рекреативните центри каде инцидентите се почести.“ – изјави Нулифер Сали, жителка на Сарај каде пред неколку дена во рекреативниот центар Матка, беше убиен 17 годишниот Хамза Ислами. Тој се обидел да го спаси својот брат кој западнал во инцидент со неколку момчиња, но еден од учесниците во тепачката  го прободе со нож, по што Хамза почина.

Ова е втора жртва за една недела во оваа општина. Инцидентите таму се чести, па мајките се собраа да апелираат за поголемо присуство на полицијата.

Извор:АлсатМ,Тв21