МВР:Македонија е можна цел на напади од ИСИЛ

Министерството за внатрешни работи најави зајакнати мерки на безбедност во наредните денови  за Велигденските празници. Според МВР Македонија е можна цел на ИСИЛ , како и и други земји од Балканот.

,,Во пресрет на претстојните Велигденски празници  МВР ќе  преземе низа безбедносни мерки и активности, согласно соодветите оперативни планови за работа, за непречено одвивање на сите настани и  во насока на заштита на јавниот ред и мир, и безбедноста на објектите и на граѓаните.

Со оглед на глобалните терористички закани во коишто цели се и верски објекти (како што беа неодамнешните напади во Египет), потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија од страна на ИСИЛ, а вклучително и масовните собирања на граѓани,  МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата“-соопштија од ова министерство.