МВР денеска ќе објави детали за полициската акција во Скопје

Припадници на специјалните единици на МВР, во текот на изминатата вечер и ноќ, изведоа обемна акција за апсење и сузбивање на шверц со дрога.

Како што се дознава неофицијално, претресени се повеќе локции и домови во скопско Арачиново, Сингелиќ и Гази Баба.

Уапсени се неколку лица поврзани со шверц со дрога, а неколку успеале да избегаат.

Според неофицијални информации, се работи на разбивање на групи од подземјето , познати на полициските органи.

МВР најави дека во текот на денот ќе одржи прес конференција на која ќе ги изнесе деталите од оваа обемна акција.