МВР депортираше 49 мигранти во Грција

Денеска (09.02) во периодот од 08:00 до 09:30 часот, на граничниот премин Богородица на грчките надлежни органи им се предадени 49 лица (42 државјани на Сирија и 7 државјани на Ирак).

Целокупната постапка за реадмисија, која е започната во септември 2016 година е реализирана согласно Договорот меѓу Европската Заедница и Република Македонија за преземање на лица со незаконски престој, а предавањето на лицата е реализирано по претходно добиен позитивен одговор од грчка страна за нивно прифаќање, во време и на место одредени од страна на грчките надлежни органи-соопшти МВР.