МВР изврши разговор со креаторите на интернет групата ,,Јавна соба“

Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје извршија идентификација на сопственикот на групата „јавна соба“ со иницијали Д.К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје.

Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модератороски улоги во групата.

Со лицата извршен е службен разговор, а во текот на утрешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР.

Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ.

Паралелно на ова, МВР во соработка со „Телеграм“, презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата. МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива, с евели во соопштението.

Затворената интернет група ,,јавна соба“ прераснала во порно сајт, а по признание на основачот на групата, работите излегле од контрола иако тие немале идеја таа група да се занимава со дистрибуција на фотографии со еротска содржина.