МВР информира дека Оливер Спасовски се уште е министер

Министерството за внатрешни работи на РМ ја информира јавноста, дека информациите објавени во одредени медиуми во врска со престанокот на мандатот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се целосна дезинформација и шпекулација. Согласно позитивните законски прописи , мандатите на сите министри и дополнителни заменици министри во Владата на Република Македонија назначени според Договорот од Пржино завршуваат на денот кога ДИК ќе ги потврди конечните изборни резултати. Со оглед на тоа што во Државната изборна комисија се уште течат постапките по приговорите на политичките партиите, не се исполнети уловите за прогласување на конечните резултати. Со тоа повеќе од јасно е дека министерот Оливер Спасовски е легитимен министер за внатрешни работи.