МВР приведе едно лице по тешката кражба на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ

На 10.04.2017 година во 16.58 часот телефонски во ЕИК Скопје, Д.П., директор на Трезор на НЛБ „Тутунска Банка“, пријавил дека нивен вработен Б.С.(40) од Скопје извршил тешка кражба од трезорот на банката. Според пријавата вработениот одзел швајцарски франци и евра се во вкупна вредност од околу три милиони евра, по што незабележан од никого побегнал во непознат правец. Истиот ден околу 19.00 часот, во врска со настанот во ПС Кисела Вода е приведено едно лице и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот-соопшти МВР.