МВР работи на расчистување на инцидентот во кој беа претепани ученици

 

СУГС „Зеф Љуш Марку“ – Скопје  упати остра осуда и бара расчистување на инцидентот што се случи по  фудбалскиот натпревар пмеѓу учениците од  АСУЦ „Боро Петрушевски“-Скопје и СОСУ „Илинден“  од Илинден кој се играше во рамки на турнирот на средни училишта организиран во ,,Зеф Љуш Марку“.

Од училиштето информираат дека се отворени за сите организирани настани и дека се училиште кое го промовира соживотот, толеранцијата и разбирањето , но исто така во просториите на училиштето ке бидат добродојдени и организирани настани кои поддржуваат конкурентност, компетитивност и иновативност како и сите  спортски и културни настани.

Како што информираше полицијата на 07.02, околу 15,30 часот учениците од СУ„Илинден“ по натпреварите, отишле на последна автобуска постојка на бр.9 и тогаш биле нападнати од околу 30-тина лица, поголемиот дел ученици во СУ „Боро Петрушевски“. Учениците од „Илинден“ успеале да избегаат во угостителски објект кој се наоѓал во близина, од каде повикале такси и заминале. Петмина од вкупно девет ученици потоа  отишле кај директорот и го запознале со настанат, по што тој во 16,35 часот го пријавил во полиција.

По пријавата на инцидентот  на повредените ученици им е укажана лекарска помош. Кај Д.М. (18) и Д.А. (18) биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Б.С. (18), М.Н. (18) и Н.С. (18) биле констатирани телесни повреди.

МВР презема мерки за расчистување на овој тежок инцидент.