МВР распиша потерница по Никола Груевски

По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по поранешниот премиер, Никола Груевски, кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

-Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето  и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена наредбата постапува по неа, информираат  од Кривичен суд.

Во петокот беа направени три обиди, а денеска уште неколку од судски курири да му ја врачат одлуката, но без успех.

Заради тоа е распишана засега интерна, а ако се утврди дека не е во земјата и меѓународна потерница, по лицето Никола Груевски.