МВР соопшти дека внукот на поглаварот на ИВЗ е уапсен по вчерашното пукање и напад врз неколку лица во Матка

МВР денеска објави сувопарно соопштение со класичен полициски речник за вчерашнит инцидент на Матка, кога внукот на поглаварот на ИВЗ, Нерван Сулејмани предизвика вооружен инцидент на една од диво поставените платформи на кањонот заштитен со закон.

Според полициското соопштение, предизвикувачите на инцидентот се уапсени:

,,На 09.05.2020 во с.Глумово и с.Рашче, скопско од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од с.Глумово и К.В.(24) од с.Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело„насилство“. На 09.05.2020 во 20.20 часот во на СВР Скопје, С.С.(31) од с.Глумово пријавил дека околу 15,00 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“-се вели во соопштението.

Вчера попладне околу 15 часот, се случи вооружен инцидент на Матка, предизвикан од Мерван Сулејмани, внук на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

а1он објави видео од инцидентот, доставено до нивната редакција од сведок на овој настан.

Ди