МВР ќе ве препознае дека сте алкохолизирани и преку телефон

Утрината МВР издаде официјално соопштение за вчерашното анонимно јавување на маж ,,во алкохолизирана сотојба,, кој се заканувал дека ќе ја ракетира владата. Во соопштението се вели:

,,Во 17:40 часот на телефонскиот број 192 од мобилен телефон се јавил маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“. МВР веднаш постапи и ги презеде сите оперативно тактички мерки. Пронајден е мажот кој се јавил на 192 и однесен во полициска станица, каде објаснил дека неговото јавување било мотивирано затоа што, како што рекол, „сакал да привлече внимание затоа што не бил задоволен од функционирањето на системот во државата“. Имено, во текот на денешниот ден, тој бил приведен во полициска станица за друго дело, за кое, според негово тврдење не бил виновен. Се преземаат соодветни дејствија за расчистување на случајот, а известен е и јавен обвинител.”

Останува нејасно дали овој настан бил повод МВР да ги извести Амбасадата на УСА во Македонија, а таа Стејт Департмент дека е опасно американските граѓани кои се или ќе се најдат во нашата земја да се движат во близина на Влада на РМ.

АКО.мк