МД ,,Илинден” од Тирана го осудува историскиот фалсификат на бугарските европратеници

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го осудува барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија. Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана ги отфрла тврдењата на бугарските претставници во ЕП, дека во Албанија има Бугари, како груб фалисфикат на историјата и вистината.
Во регионите Голо Брдо, Преспа, и Гора како и цела територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане. Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата. Бугарија продавајќи бугарски пасоши на Македонците во албанија се обидува да создава Бугари во Албанија кои ги нема.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од албанската влада и од македонската влада да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побара Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ-се вели во реакцијата на Македонците од Албанија.