Медицинска сестра и доктор ја изгубија битката со Ковид 19

Здравствен дом Крушево се прости со спец.д-р Вангел Трајулески, кој почина од последици на ковид 19.

,,Тешко е да се каже збогум на човек – доктор , кој кариерата ја започна во Здравствен Дом Крушево и иако продолжи како матичен лекар сепак беше дел од нашиот колектив со сето свое знаење, квалитет , човечност и хуманост несебично ги даде на пациентите. Беспрекорен во својата работа не само сега во ова зло , туку и во целиот негов работен век .Се бореше за здравјето на сите пациенти давајќи максимум , но за жал не ја доби најважната битка, битката за својот живот против невидливиот непријател Ковид 19“- се вели во прошталниот текст поставен на ФБ страницата на Здравствен дом Крушево.

Вчера битката со Ковид 19 ја изгуби и хирургот Владимир Кочовски.

Денеска е регистрирана смртта на медицинска сестра од Битола.

.Медицинска сестра на 55-годишна возраст од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница почина од компликации предизвикани од Ковид-19. Таа е прва жртва на вирусот меѓу здравствените работници од Битола. 

„Пациентката била хоспитализирана во многу тешка здравствена состојба. Подолг период била на боледување и не се заразила на работното место“, велат од Министерството за здравство за Независен весник.

 

Во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 398
-Куманово 47
-Дебар 11
-Штип 46
-Прилеп 59
-Тетово 44
-Струга 15
-Велес 32
-Битола 46
-Охрид 28
-Кавадарци 29
-Гостивар 46
-Гевгелија 22
-Струмица 24
-Крива Паланка 3
-Радовиш 8
-Крушево 1
-Кочани 11
-Пробиштип 4
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 3
-Пехчево 2
-Берово 15
-Валандово 2
-Виница 1
-Делчево 26
-Кратово 4
-Свети Николе 8
-Кичево 22
-Ресен 11
-Неготино 15

Починати се 24 лица, дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравени пациенти од:
-Скопје 264
-Куманово 45
-Штип 34
-Прилеп 45
-Велес 38
-Битола 51
-Кавадарци 18
-Гевгелија 4
-Струмица 26
-Крива Паланка 3
-Радовиш 3
-Крушево 2
-Кочани 9
-Пробиштип 4
-Демир Хисар 5
-Македонски Брод 8
-Валандово 3
-Виница 3
-Свети Николе 17
-Кичево 30
-Ресен 7
-Неготино 12

Досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538.