Медицински сестри од цела држава на испомош во Инфективна клиника

Во текот на денешниот ден на Клиниката за инфективни болести се упатени триесеттина медицински сестри од повеќе болници во државата.


Во текот на утрешниот ден иста толкава бројка на медицински сестри, исто така, од повеќе болници, ќе се распределат во ГОБ 8 септември .


Во овие две ЈЗУ приемот на заболени од КОВИД19 е најголем, со скоро целосно исполнети капацитети.

,,Во Министерството за здравство постојано ја следиме состојбата, превземајќи ги сите мерки за соодветен третман на заболените.

Благодарност до здравствените работници , кои само за неколку часа по дадената насока, се подготвија и пристигнаа во Скопје, на помош на своите колеги “-објави Влаадимир Милошев, државен секретар во МЗ.