Медлин Олбрајт е подготвена да се декларира како муслиманка заради Трамп

Поранешната американска  државна секретарка Медлин Олбрајт на Твитер реагираше дека е подготвена да се декларира како муслиманка заради рестриктивната мигрантска политика на новиот американски претседател Доналд Трамп кон мигрантите.

“Пораснав  како католик, станав верник на Епископалната црква, но подоцна дознав дека моето семејство е еврејско. Подготвена сум да се декларирам како муслиманка во знак на солидарност “, напиша Медлин Олбрајт на Твитер.

Со хаштагот  ,, Бегалци , добредојдовте” , таа порача дека Америка мора да остане отворена кон сите луѓе, без разлика на нивната вера и раса.