Мелбурн оди во 6 неделен карантин поради зголемен број заразени со Ковид 19

По вторпат од почетокот на пандемијата на Ковид 19, Мелбурн оди во 6 неделен карантин.

Овие непопуларни мерки ги објави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.

Во последните 24 часа во државата Викторија се регистрирани 191 нов случај на заразени со корона вирус што е доволна причина за рстриктивни мерки во најголемиот град Мелбурн, каде има најмногу случаи.

Премиерот вели дека се на прагот на вториот бран и дека не смеат да дозволат повторно ширење на корона вирусот.

Клуч на врата повторно се става на теретаните, рестораните, салите за свечености или други собири, спортските сали, салоните за убавина, а разни други бизниси ќе работат рестриктивно и со посебни протоколи.

Жителите на Мелбурн во наредните 6 недели од дома ќе излегуваат само со посебни причини.

Жителите на градот воопшто не се среќни со оваа одлука и најавуваат протести.

Прашуваат до кога вака?