Мемеди не ја дава Локална самоуправа затоа што тоа министерство ,,им припаѓа на Албанците“

“Не може да има пазарења со министерството бидејќи ова министерство секогаш им припаѓаше на Албанците. Немам мандат да го дадам ова министерство на СДСМ“-изјави претседателот на НДП, Весел Мемеди, коалициски партнер во владата.


,,Немам морално право да го жртвувам министер Сухејл Фазлиу, зад кој стои национална и верска елита. Не знам како СДСМ и ДУИ очекуваат да направам пазарење за ова министерство “, рече Весел Мемеди, претседател на НДП, повикувајќи ја СДСМ да ја повлече одлуката за разрешување на министерот Сухај Фазлиу и ДУИ да не го поддржува овој предлог.

Во Собрание образложувајќи ги новите предлози за министри, премиерот Заев рече дека за нов министер за локална самоуправа е предложен лидерот на ЛДП и актуелен пратеник, Горан Милевски.

На чело на министерството за локална самоуправа во моментот е Сухејл Фазлиу од НДП.