Менаџерот на Арсенал и фудбалер на Челси заразени од корона вирус

Напаѓачот на англискиот клуб Челси, Калум Хадсон-Одои е заразен од корона вирус, соопшти клубот.

Деветнаесетгодишниот англиски репрезентативеце е втор член на Премиер лигата кој има КОВИД 19, по обелоденувањето ден претходно дека менаџерот на Арсенал, Микел Артета исто така има ваков вирус.

Тренерот на Лестер изјави дека неколку играчи на тимот имаат симптоми и дека се испратени на тестирање.

Целиот тим на Челси, помошниот персонал, но и младинската екипа се испратени во карантин.