Мендух Тачи поднесе оставка

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, преку својата официјална ФБ страница соопшти дека си поднел неотповиклива оставка од лидерското место во партијата.

– Драги пријатели, само што дадов неотповиклива оставка од функцијата претседател на Демократската партија на Албанците. Со ДПА до вонредниот конгрес колективно ќе раководи Управниот совет. Дополнително ќе биде определен датумот кога тој ќе биде одржан. За координатор на сите активности е назначен генералниот секретар Азем Садику, напиша Тачи на својата страница на Фејсбук.

Оставката на Тачи следува по лошите изборни резултати на ДПА, која освои само две пратенички места.