Мендух Тачи тврди дека Груевски и Ахмети имаат договор за Влада

Претседателот на ДПА во оставка Мендух Тачи по средбата со еврокомесарот Хан изјави дека Груевски и Ахмети имаат договор за Влада, но намерно не држат во неизвеснот и не малтретираат. Тој изјави дека всушност тврди дека е така.

По средбата со Хан претседателот на Беса Африм Гаши рече дека неговата партија ќе ги даде потписите на СДСМ за парламентарно мнозинство, но тоа не значи дека ќе поддржат и формирање Влада ако не се прифатат нивните барања.

За Зијадин Села како дел од Алијанса на Албанците кој беше на средбата со еврокомесарот, нови избори не се решение. Но,никој нема да направи Влада без да ја прифати платформата на Албанците и без закон за СЈО, рече Зијадин Села .

Тој рече дека нивните три потписи не прават мнозинство, но доколку Заев ги обезбеди другите потребни потписи, тие ќе партиципираат.

Средбите се одржуваат во собрание на РМ.

АКО.мк