Меркел исвиркана и непожелна во Дрезден

Германската канцеларка Ангела Меркел беше непријатно изненадена од лошиот пречек во Дрезден, каде дојде да го одбележи големиот Нацинален ден на германското обединување

Неколку стотици демонстранти, според германските медиуми припадници на ултрадесничарската група Пегида, жестоко ја нападнаа канцеларката со погрдни зборови и пароли на кои беа испишани пораките ,,Оди си” , ,,Диктатор”, ,,Национален предавник” и слично.

merk-dik angela_merkel-epa_main_0

Меркел ја губи популарноста и поддршката во Германија заради нејзината непопустливост на политиката за Отворени врати за мигрантите. Досега во изминатата година таму престојуваат над милион мигранти, кои дојдоа преку балканската рута.