Месиќ поднесе оставка од местото почесен претседател на Сојуз на антифашисти

Поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ поднесе оставка од местото почесен претседател на Сојуз на антифашистички борци и антифашистите на Хрватска заради неговите изјави од 1990 и 1992 година, а кои деновиве излегуваат во јавност.

Се решив на овој чин за да ги поштедам од непријатност Сојузот и неговите членови, образложи во писмената оставка Месиќ.

Тој пишува дека очекува и други снимки да се појават во јавноста, а тие  ставови изречени пред 20 и повеќе години се апсолутно неприфатливи, пишува поранешниот хрватски претседател.

Не сакам да се правдам, туку ја прифаќам одговорноста, додава тој.

Во снимките објавени пред некое време, Стипе Месиќ негира дека логорот Јасеновац во Хрватска за време на Втора светска војна бил концентационен логор за ликвидација на Евреи, Срби и Роми. Тој во разговор во една месна канцеларија со неколку луѓе им објаснува дека тоа всушност бил работен логор.