Лионел Меси несомнено е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, игра константно добро, голгетерски секогаш на висината на задачата, 11. сезона по ред во Шпанија тој постигнува најмалку по 20 голови во сезона, трендот продлжува и сега.

Меси против Валенсија постигна два гола, сега зад своето име има вкупно 21 гол по 22 коло. Меси сезоната 2008/09 ја проби границата од 20 и повеќе голови по сезона, тогаш постигна 23 погодоци. Следуваа уште поуспешни сезони, 34 (2009. / 2010.) , 31 (2010. / 2011.), 50 (2011. / 2012.), 46 (2012. / 2013.), 28 (2013. / 2014.), 43 (2014. / 2015.), 26 (2015. / 2016.), 37 (2016. / 2017.), 34 (2017. / 2018.) и 21 гол засега во оваа сезона (2018. / 2019.)

Меси пет пати беше најдобар стрелец во Шпанија и тоа 2010, 2012, 2013, 2017 и 2018 година.