Мета: Меѓу експлозијата во Бејрут и хемикалиите од ОХИС нема споредба, тврди професорот Стафилов

Нема споредба меѓу несреќата во Бејрут, предизвикана од експлозија на несоодветно чувана хемикалија и потенцијалната опасност за Скопје од хемикалиите на ОХИС, тврди професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на ПМФ за новинската агенција Мета.

Винил хлоридот, кој во ОХИС стои неколку децении во дотраена цистерна не е експлозивна, туку токсична хемикалија и опасноста од неа е голема, но не на начин како од амониум нитратот, кој е предизвикувачот на разорната експлозија во главниот град на Либан, вели тој.

Повеќе на овој линк: