Метју Палмер е именуван за Специјален претставник на САД за Балкан

САД се враќаат на Балканот. Со наслови со ваква порака е објавена најновата одлука на СД.

Заменик на помошникот на државниот секретар на САД, Метју Палмер, е именуван за Специјален претставник на САД за Балканот, соопшти Стејт Департментот.

Тој ќе почне да ја извршува и оваа функција од 1 септември.

Со новата функција ќе учествува на Стратешкиот форум на Блед, а потоа ќе ги претставува САД на состаноците на Квинта во Брисел и Подгорица.

,, Палмер ќе ги предводи нашите настојувања да ги зајакнеме дипломатските напори за поддршка на мирот, стабилноста и напредокот во регионот и да се насочиме на интеграцијата на Западен Балкан во западните институции“ се наведува во соопштението.