Меѓународната заедница се активира по најавите за ново парламентарно мнозинство

Откако вчера беа најавени нови ветришта на македонската политичка сцена со можно деблокирање на кризата и формирање ново парламентарно мнозинство без ВМРО ДПМНЕ, највени се неколку посети на меѓународни функционери  на Македонија.

Утре во посета на нашата земја доаѓа британскиот министер за Европа и Америка Алан Данкан. Тој е на   мини турнеја низ Западен Балкан, и за разлика во минатаото, кога вообичаено ја заобиколуваа Македонија, сега ќе има средби со политичките лидери што имаат пратенички групи, невладиниот сектор и граѓански организации.

Во март е најавено дека Скопје ќе го посети Фредерика Могерини, која исто така има турнеја во земјите на Западен Балкан. Нејзината цел е да провери дали земјите кандидати за ЕУ цврсто газат на патот кон ЕУ.