Меѓународниот суд во Хаг го отфрли барањето за ревизија на пресудата Б и Х против Србија

Членот на претседателството на Б и Х Бакир Изетбеговиќ искажа големо разочарување од одлуката на Меѓународниот суд во Хаг да го отфрли неговото барање за ревизија на пресудата од пред речиси 10 години, со која беше отфрлена тужбата на Б и Х против Србија за геноцид врз бошњачкиот народ во војната во деведесетите години од минатиот век

Имено, Хашкиот суд ревизијата ја отфрли со образложение дека правниот застапник на Сараево Сахиб Софтиќ, нема легитимитет за еден ваков спор.

Задоволство од оваа одлука искажаа државниот врв на република Српска, но и на  Србија.

Откако Бакир Изетбеговиќ, како еден од тројцата членови на босанското претседателство и без согласност на другите двајца членови тргна во една ваква правна авантура, односите внатре во федерацијата беа повеќе од затегнати. Но , и во Србија ова беше дочекано со големи критики дека Изетбеговиќ ја злоупотребил својата позиција и придонел за влошување на меѓудржавните односи.