МЗТ Скопје Аеродром и во следната сезона во АБА 2

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром во новата натпреварувачка година повторно ќе биде дел од втората АБА лига. Ова го потврдија од таборот на „металците“ откако ја прифатиле поканата за настап во ова натпреварување.

„Ова ќе биде наша втора сезона во ова натпреварување, во која ќе дадеме сѐ од себе да отидеме еден чекор понапред од годинава, во однос на обезбедување место кое би нѐ вратило во јадранската елита. Лигата минатата сезона се покажа како квалитетна, со многу сериозни противници, што секако е идеално место за спортско усовршување, пред сѐ на младите таленти во нашиот состав.

МЗТ Скопје Аеродром минатата сезона играше во финалето од ова натпреварување, кое за првпат беше во плејоф-формат против Сикст Приморска, а потоа немаше среќа во бараж-пресметката против Задар, во која Џејмс Вудард во вториот меч имаше шут за враќање во АБА-лигата, кој за жал не успеа да го реализира.“ – соопштуваат од МЗТ Скопје Аеродом.