Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по седми пат се шампиони на Македонија, откако вечерва, трет пат по ред, го совладаа Работнички (85-78) за чисти 3-0 во големото плејоф-финале.

Титулата по 750 дена се враќа во витрините на МЗТ, како круна на исклучително напорна сезона, во која екипата одигра повеќе од 70 натпревар. Клучниот триумф го оствари малку потешко од очекувањата, но МЗТ блесна кога беше најпотребно и ја осигура предноста која им го донесе посакуваното славје.

Иве Иванов со 23 поени, седум скока и седум асистенции беше најдобар во победничкиот тим, а зад него беа Лестер Медфорд со 16 поени и седум асистенции, Дамјан Стојановски со 12 и Андреј Магдевски со 11 поени.