Миењето раце е еден од клучните фактори за заштита од корона-вирус

Светската здравствена органиација неодамна ги издаде препораките за заштита на населението од корона-вирус.

Како еден од клучните фактори е постојаното темелно миење раце, бидејќи според сознанијата на научниците овој вирус може да опстане буквално секаде. На кваките од вратите, прекинувачите за светло, парите…насекаде и тоа со долго време на инкубација.

Затоа, клучна работа е да се мијат рацете по допир со надворешниот свет и тоа темелно со сапун и други средства за хигиена и дезинфркција на рацете.

Согласно препораките на Светската здравствена организација, Министерството за здравство апелира до граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;
• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и задожително да се мијат рацете по секоја подготовка на храна. При подготовка месо и јајца, тие добро термички да се обработат;
• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили, додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;
• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или со диви животни.
Задолжително и често миење раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;
• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба, марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете.

-Граѓаните да бидат спокојни, системот за превенција од корона вирусот целосно функционира. На аеродромот во Скопје е поставена термална камера, имаме стручен медицински тим со кој раководи епидемиолог. Имаме доволно заштитна опрема со која дежурните екипи ќе постапуваат при евентуален транспорт на сомнителен случај, а деновиве ќе пристинат и околу 500 реагенси за испитување на корона вирус, информира Министерството за здравство.

Истакнуваме дека наш највисок приоритет е здравјето на граѓаните, пациентите и здравствените работници. Министерството за здравство продолжува будно да ја следи состојбата и редовно да ја известува јавноста-се вели во препораките на МЗ.

Дополнително, многу е важно да нема близок контакт и да се избегнува традиционалното поздравување со гушкање и бакнување.

АКО.мк