Милион парчиња заштитна медицинска опрема, лекови, респиратори и друг потребен материјал се донирани досега

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека наскоро ќе почне да се објавуваат, сите донации од страна на држави, физички и правни лица.

 ,,Во рамките на министерството отворивме посебна наменска сметка за донации, кадешто се пристигнати близу 500 илјади евра наменети за опрема или материјали во врска со третманот на овие пациенти.


 Донирана е и опрема: респиратори, рентген апарати, бронхоскопи, маски – близу милион парчиња на заштитна опрема, како и потребните лекови.


Оваа недела ја повторуваме постапката за набавка на респираторни машини, со што предност даваме на времето во коешто тие би стигнале до нашата земја“ рече Филипче.

Инаку, во светот постои огромна побарувачка за респиратори, а некои од нив се трипати поскапи од одсегашната набавна цена.

Филипче информираше и дека е елосно е инсталирана мобилната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни. Наскоро ќе се воспостави сува врска со Клиниката, довод на воздух, греење и ладење, сето тоа од страна на Армијата.


Од вчера во функција е ставена и болницата „8ми Септември”. На располагање се 110 кревети и 130 во мобилната болница, а во болницата 8 Септември вкупно 400 кревети.


Спремна и болницата во Битола – има и анестезиолози, инфектолози и медицински сестри. Во овој момент, вкупната бројка на кревети е 35, со можност да порасне до 100, има и респираторни машини.


 Еден целосно и физички одделен дел ќе биде и регионален центар за пациентите коишто доаѓаат од тој дел на земјата.


 Активиран е механизам на поддршка на докторите од страна на лекари и медицински сестри како од клиниките, така и од другите јавно-здравствени установи ширум државата – по систем на ротација.


Остануваат прогнозите дека пикот на болеста ќе биде на крајот на април кога се очекуваат околу 2000 пациенти заразени од коронавирус.