Милошоски го изигрува законот и прави штета на други нотари

Милошоски потврди дека изборните резултати предизвикуваат паника во ВМРО-ДПМНЕ и дека најблиските соработници на Груевски си обезбедуваат резервни позиции додека се во опозиција- изјави денеска Петре Шилегов портпарол на СДСМ.

,,Спротивно од сите норми, Милошоски ја ставил во мирување позицијата нотар иако истата воопшто не ни започнал да ја работи. Логично, во мирување не може да се стави нешто што не ни започнало.

Милошоски се става во повластена позиција, поинаква од било кој друг нотар или пратреник во собранието.

Според Законот за нотаријат, бројот на нотари е ограничен. Со ваквата злоупотреба, Милошоски прави штета и кон нотарите кои се избрани, а не се именувани, но и кон граѓаните.

Ако Милошоски не се откаже од решението за нотар, тогаш министерот за правда треба да го отповика и да го поништи решението, за Милошоски да не го држи местото на некој друг именуван нотар.

Заврши времето на изигрување на законите и обезбедување лична корист преку злоупотреби.

И Милошоски и сите други граѓани мора да ги почитуваат законите,,-вели Шилегов.