Милошоски и официјално заминува од политика, од вчера е нотар

Антонио Милошоски од вчера започнал со работа како нотар-информираа од СДСМ.

Партијата го презентираше извадокот од Службен весник којшто потврдува дека Милошоски си нашол резервна позиција во нотарската професија, свесен дека Груевски заминува од политиката, а ВМРО-ДПМНЕ заминува во опозиција.

,,Носителот на кандидатска листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 и еден од најблиските соработници на Груевски напразно лажеше дека решението за нотар наводно му било во мирување и тој наводно останувал со Груевски и со партијата.

Потегот на Милошоски покажува дека почнаа напуштањата на Груевски и тоа од страна на неговите најблиски соработници.

Почнува и живот за граѓаните на Македонија кои гласаа против режимот, за промени во Република Македонија,,велат социјалдемократите.