Милошоски тврди дека Заев договарал одлуки на Врховен суд

Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ, на прес конференција, прочита писмо во кое наводно постојат елементи за кривично дело за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Милошоски тврди дека писмото како транскрипт и аудио материјалот е од анонимен укажувач.

Во писмото пишува:

,,Почитуван пратеник Милошоски Ви доставувам материјал од висок јавен интерес кој замолувам да го споделите со пратениците и со медиумите како претставници на јавноста.

Согласно Законот за заштита на укажувачите, аудио снимката и доставениот материјал укажуваат на грубо мешање на Извршната во Судската власт. Како и одлучувачката контрола на Извршната власт врз работата на обвинителството.

Сметам дека материјалот е сериозна индиција за кривична одговорност по основ на мешањето на извршната власт во работата и одлучувањето на Судската власт. Јавноста има право да ја слушне содржината на овој материјал бидејќи истиот има елементи на висока корупција и злоупотреба на службената положба и овластување на избрани и именувани лица.

Интегрален текст од аудио записот

,,Би сакал да укажам дека господинот Заев претходниот пат веќе призна дека се работи за неговиот глас, на аудио снимката која што беше објавена во Собранието на Република Македонија. Овој пат тоа не е тема.

Тема е што господинот Заев како премиер во присуство на други нему познати лица дава експлицитно јасен исказ дека тој договарал одлуки заедно со Врховниот суд, тоа е фрагнатно мешање на Извршната во Судската власт и кршење на многу членови во Кривичниот Законик и на принципите во Уставот на државата.

Второ, од самиот материјал може да се види дека господинот Заев цело време бил во тесна и блиска соработка со госпоѓата Катица Јанева, која што очигледно е дека без него не можела да одлучува или да постапува самоволно. И затоа може лесно да се заклучи дека господинот Заев и госпоѓата Катица Јанева биле во тесна координација и за самиот случај „Рекет“.

И третата работа, ако внимателно го видите транскриптот господинот Заев јасно посочува зошто му се брзаше на таков нелегален, неделовнички начин да се донесе Законот за обвинителство и зошто толку очајно се залагаше 80 пратеници да ги обезбеди да гласаат за да не важат понатаму во иднина нелегално стекнати материјали кои што би можеле да бидат употребени како докази во идна постапка“-вели Милошоски.