Милошоски тврди дека Заев поседува копии од прислушуваните разговори и нарачува нивно објавување

Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ се огласи по објавените аудио снимки на кои се слуша како тој со повеќе судии, меѓу кои и Јово Вангеловски, ја договара пресудата на Врховен суд за случај во кој е инволвиран неговиот татко.

Милошоски не ја негира автентичноста на разговорите.

Тој го посочува З.З. како што вели, за главен виновник за објавување на снимките.

,,Вечерва беа објавени 5 од 6 мои снимки, нелегално направени од УБК во 2011 година, во времето на Мијалков.

Дозволете да Ве известам дека го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава. Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите.

Господине З.З., со објавата на овие снимки докажавте дека без истите Вие не сте можеле да уценувате пратеници, да рекетирате стопанственици, да заплашувате сопственици на медиуми, и да бидете и обвинител, и премиер, и судија истовремено. Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли.

Како дојдовте, така ќе си одите!
Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес.
Ќе Ве отворам како пупка!
Се слушаме наскоро“-напиша Милошоски на својот ФБ профил и му порача на Заев-Тик-Так.