Мило Корлеоне

Опозициските партии во Црна Гора не ги признаваат резултатите од последните парламентарни избори. Тие на состанокот ден по пребројувањето на гласовите, донесоа одлука да побараат формирање на комисисја од меѓународни претставници, која ќе утврди што точно се случило на денот на изборите.

Опозициските партии се согласни со заклучокот дека овие избори биле спроведени криминално и мафијашки од страна на Мило Ѓукановиќ, а злоупотребите според бројот и нивната содржина ги надминале сите претходни од 25 годишниот политички плурализам.

Претставниците на 4-те изборни листи на опозицијата кои освоија 39 од вкупно 81 пратенички мандат, констатирале дека не можат да признаат изборни резултати кои се добиени на избори на ден кога е ,,изведен државен удар”.

Имено, на денот на изборите во Црна Гора, полицијата објави дека претходната ноќ спречила државен удар од 20 члена група српски државјани и можно киднапирање на Мило Ѓукановиќ. Групата е уапсена, а српскиот премиер Александар Вучиќ го проблематизираше денот на полициската акција и нејзината веродостојност.

Од друга страна, на социјалните мрежи и интернет порталите во Црна Гора хит е фотографијата направена од пратеникот на ДПС Предраг Секулиќ во текот на изборната ноќ.

На селфи фотографијата во заднина се гледа лидерот на таа партија Мило Ѓукановиќ како се одмора на афотелја, а околу него се неговите најблиски соработници. Позата на Ѓукановиќ многумина ја споредија со онаа на Ал Пачино од филмската трилогија ,,Кум” .

,,Мило како Корлеоне” ,,Кум 4″ , се само некои од насловите , а прегледите на оваа интернет приказна, ги урива рекордите .

Мило ЃУкановиќ е 26 години на власт во Црна Гора. Или е премиер или претседател на оваа мала држава. Неговото име е доведувано во корелација со разни криминални организации, злоупотреби и нелегална трговија со цигари со меѓународни размери, бил под истрага на италијанската полиоцја, но никогаш не било нешто процесуирано или не одговарал за обвинувањата.

На овие избори освои 36 мандати, кои не се доволни за самостојно составување на влада, па тој се надева на малцинските пратенички места.

Е.Л.