Министерката Царовска на ФБ го објави распоредот за настава на телевизија

,,Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици.Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат“-напиша таа на својот Фб профил и ги објави распоредите за сите 9 одделенија.