Министерот Агим Нухиу средствата за репрезентација ги подели на социјално загрозени семејства

Агим Нухиу направи уште еден невообичаен чекор за министер за внатрешни работи, барем досега невидено кај нас. Тој реши непотроѓените средства за репрезентација да ги подели со социјално загрозените семејства.

Според дневниот билтен на негови активности, тој вчерашниот ден(13.01.2017) го помин:

,,Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска (13.01.) во Велес, како и во велешките села Горно и Долно Јаболчиште, посети неколку социјално загрозени семејства.

Притоа министерот Нухиу во име на МВР, а врз основ на непотрошените средства за репрезентација при кабинетот на МВР, на семејствата им врачи пакети со храна и други намирници.”

Во прилог на ова соопштение има дваесетина фотографии од кои ви објавуваме неколку:

Од преземањето на должноста Министер за внатрешни работи, Нухиу влече нетипични потези не само за еден министер од ресор поврзан со полициски работи, туку и за политичар кој доаѓа од редовите на ДУИ, чиј лидер Али Ахмети неприкосновено владее  цели 16 години. Притоа ниту еднаш нема проговорено на македонски јазик. Нухиу и тука му држи лекција, па своите активности ги промовира тријазично.

Дали конечно во ДУИ се наѕира нов ков на политичари, со кои партијата треба да ја гради својата иднина и да им се заблагодари на закоравените со султански манири?

АКО.мк