Министерот Адеми тврди не вршел влијание, за него функцијата Министер не е света

Министерот Асаф адеми, по број ните реакции околу распределбата на парите за проекти од културата, се огласи на својот ФБ профил. Тој вели:


,, Одлуките за секој проект се земени врз основа на предлог на професионалната комисија и во ниту еден случај не сум вршел никаков притисок за избор на некој проект.

Со големо внимание ги следам критиките, реакциите, пофалбите и предлозите, исто така сакам да ви кажам дека сум во постојан контакт со членовите на комисите и со правната служба при министерството.
После консултаците што ги имаме, заедно ќе одлучиме за следните чекори.

Истовремено, би ви обврнал внимание на следното: моето мото ,,култура за сите “ беше без било каква етничка, политичка или религиозна предрасуда и јас не сум од тие политичари што функцијата ја гледа како алатка за лично богатење.

Во овој период најповеќе се потрудив да ја зголемам транспарентноста, борбата против корупцијата и да не правам било какви разлики меѓу граѓаните на државата.

За мене политичката функција Министер не е света“-вели Адеми.