Министерот Димитров наздрави за американската дипломатија со амбасадорката Брнс

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, наздрави за долгогодишната американска дипломатија со американската амбасадорка во нашата земја, Kejt Брнс.

,,Честитки за 230-та годишнина на американската дипломатија и здравица за македонско-американското пријателство и соработка низ годините!“-објави Димитров на социјалните мрежи.

Министерот Никола Димитров и амбасадорката на САД, Кејт Брнс, отворија изложба за пријателството меѓу двете земји .

Во македонското МНР, во присуство на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, беше одбележана 230-годишнината од формирањето на американскиот Стејт Департмент.

По овој повод Никола Димитров и Кејт Брнс отворија изложба на фотографии кои сведочат за континуираното пријателство меѓу двете земји од воспоставувањето на дипломатските односи.