Министерот Елвин Хасан пешачел 7 часа за да ја запознае Атиџе од ,,Медена земја“

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан, објави дека пешачел повеќе од 30 километри или 7 часа до селото во кое живее главната протагонистка на кандидатот за Оскар, македонскиот документарен филм ,,Медена земја“.

,, Ја посетивме Хатиџе Муратова, протагонистот на македонскиот документарен филм “Медена земја”, која ги освои срцата на целиот свет со својата приказна и својата љубов кон природата и кон сите живи суштества. Пешачевме околу 36 километри (7часа) од с.Дорфулија до с.Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата. Филмот достигна светски успеси, има добиено бројни награди и две номинации за Оскар. После нашиот разговор со неа увидовме дека покрај успехот на филмот скромноста, гостопримството и добрината на Хатиџе се неизмерни“-напиша тој.