Министерот Никола Димитров утре оди во официјална посета на Албанија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на неговиот колега Дитмир Бушати, ќе оствари официјална посета на Република Албанија.

По средбата со шефот на дипломатијата на Република Албанија, предвидена е заедничка пресконференција на двајцата Министри.

Во рамки на посетата, предвидено е МНР Димитров да оствари средби и со претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Министерот Димитров на почетокот од стапувањето на должност ја посети Атина. Тој најави дека приоритет ќе му биде враќањето на доверба со соседите и воспоставување пријателски односи.