Министерот без ресор задолжен за комуникација и транспарентност во Влада на РМ, Роберт Поповски упатил кратка порака со поддршка на уредувачкиот тим на Телма во која се вели:

„Изразуваме поддршка за уредувачкиот колегиум на телевизија Телма. Цензурата е забранета со Уставот на Република Македонија“, се наведува во  известување од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, Роберт Поповски.

Скандалот кој се случи по објавата на авторката на емисијата ,,Код“, која се емитува на Телма, ескалираше во нејасна ситуација кој ја извршил цензурата во нејзината емисија, која одела скратена со делот кој , наводно, правно бил спорен за телевизијата.

Директор и главен и одговорен уредник на Телма е Атанас Кировски.

Во ниту една објава од авторката Снежана Лупевска не е наведено кој забранил да оди спорниот дел од емисијата. Дали е тоа директорот или сопственикот на телевизијата.

Јасно е дека сопственикот на ИГМ Трејд, се обидел да изврши притисок, но цензурата мора да ја одобри тој што одлучува за програмата.

АКО.мк