Министерот Филипче им честиташе на колегите за успешно направената трансплантација на срце

,,Трансплатацијата успешна! ❤️ Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги“-напиша министерот за здравство, Венко Филипче на својот ФБ профил.

Тој постави фотографија од ЕКГ апаратот на чиј екран се регистрирааат отчукувањата на пресаденото срце, донирано од семејството на 43 годишна почината жена.

Првиот пациент кој чекаше долго време трансплантација на срце, е на возраст од 54 години.